Извршниот потпретседател на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, сака да донесе нова личност која ќе ја има улогата на спортски директор и која ќе работи заедно од повеќе аспекти со тренерот, Жозе Мурињо.
Прв на неговиот спискот е Андреа Берт кој ја има таа функција во редовите на шпанскиот состав Атлетико Мадрид. Италијанецот кој работи во тимот од Пиринеите од 2013 година, имаше клучна улога за остварување на дел од успешните трансфери кај „јорганџиите. Тој е најзаслужен за ангажманот на Антоан Гризман и на Јан Облак како и за враќањето на Диего Коста.
Доколку пропадне планот со Берт, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ги обезбеди Фабио Паратичи кој работи во Јуве или поранешниот трансфер-гуру на Тотенхем, Пол Мичел, кој е директор во РБ (Лајпциг).