Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»За Нас

    За Нас

    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Екипата која повеќе од 10 години работи на овој формат на радио програма, од 2005 година изгради свој стил на спортско информирање во македонскиот етер. Го преточи искуството и начинот на спортско информирање на нова фреквенција, 90.3 фм, збогатувајќи и унапредувајќи ја програмата со нови содржини и постојано присуство на македонските спортисти, клубови и испортски работници во тековната дневна програма.

    Спортското радио 90.3 фм изгради свој имиџ и квалитет, кој е доволен знак, македонските спортски федерации да го обезбедат за свој партнер во медиумското презентирање на својот спорт и активностите. Во овие години спортско информирање, Спортското радио 90.3 фм е официјален медиумски спонзор на Фудбалската, Кошаркарската, Ракометната, Одбојкарска и Македонската тениска федерација, а учествува во медиумската презентација и на скоро сите меѓународни спортски настани, кои се организирани во нашата земја, но и во странство. Активно ги поддржуваме и помалите спортови кои се директно вклучени во посебни сегменти од нашата спортска програма. Во тесна соработка со Федерациите, но и со Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, Спортското радио 90.3 фм реализира бројни програмски проекти за афирмација, поддршка и издигнување на спортот, особено кај младите во нашата земја на едно многу повисоко ниво.

    Во 2006 година, Спортското радио 90.3 фм беше официјален медиумски спонзор и организатор на фудбалскиот настан на годината, Македонија – Англија во Скопје, каде официјален спикер на натпреварот беше токму лице од Спортското радио 90.3 фм. Инаку, нашите водители се официјални спикери и на останатите настани во останатите спортови, онаму каде Спортското радио 90.3 фм се јавува како Официјален медиумски спонзор на Федерациите. Во годините кои следуваа го понесовме епитетот на медумски поддржувач и коорганизатор на низа спортски манифестации од врвот на македонското спортско живеење. Тука е коорганизацијата на Скопскиот маратон во сите години по заживувањето, медиумски ги покриваме автомобилистичките трки од меѓународен карактер, сите кошаркарски, одбојкарски и ракометни репрезентативни средби, клупски настапи во европските купови.

    Вршиме директни преноси од најважните настани во нашата земја, но исто така и од настапите на нашите спортисти и репрезентации надвор од нашите граници. Спортското радио 90.3 фм зад себе има искуство и долгогодишна успешна соработка со најголемите македонски компании. Го поддржуваме спортот, музиката и сите важни настани од нашата земја.

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ НАСЕКАДЕ ОКОЛУ ВАС

    panel3 panel1 bilbord2 bilbord1 Avtobus2 P10 P2 P1

    Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    Како доказ за успешното работење на Спортското радио 90.3 фм се и големиот број на наши деловни партнери кои не поддржуваат во сиве овие години. Во продолжение само мал дел од оние кои му даваат искрена поддршка на спортот и Спортското радио 90.3 фм.

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.