Дефанзивецот на фудбалскиот состав Вест Хем, Пабло Забалета, го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Аргентинецот ќе остане во тимот до 2020 година, информира официјалниот сајт на – „чеканите”. Задоволството од новата соработка ја потенцираше и искусниот играч.
„Ова е одлична вест и јас сум многу среќен. Уживам во времето поминато тука. Во Вест Хем ја гледам страста на фановите и почитта на луѓето во клубот. Сеуште чувствувам задоволство од фудбалот, затоа решив да останам уште една година на теренот ” – рече Забалета.
Интернационaлецот од Аргентина во 2017 година го напушти Манчестер Сити и замина во Вест Хем. Тој во тековнава сезона има одиграно 25 натпревари во Премиер-лигата.