Челниците на Динамо Загреб засега ќе го задржат тренерот, Ненад Бјелица, иако поради кризниот период предизвикан од пандемијата со корона-вирусот, неодамна ги отпуштија сите негови соработници од стручниот штаб.
Имено, предвременото прекинување на соработката би значело дека Динамо ќе мора да му исплати на тренерот вкупна сума од 1,6 милиони евра бидејќи неговиот договор е активен до јули во 2021 година.
Во период кога Хрватите бараат решение за економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, таква голема отштета ќе биде голем удар за клубот.