Со три порази, Македонија ги заврши кошаркарските претквалификации во Талин. Денеска загубивме и во последниот меч во групата од селекцијата на Чешка со 94-82.
За разлика од првите два меча на оваа средба одигравме подобро, но не успеавме да се вмешаме во битка за победата. Чесите во третиот период имаа над 20 кошеви предност и јасно ставија до знаење како ќе се одвиваат работите до самиот крај.
Шортс со 27 поени беше прв стрелец, по 13 поени имаа Војдан Стојановски и Андреј Андоновски.