Египетскиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, би можел да го собори рекордот на Нејмар, доколку реши да замине во С. Арабија.
Ал-Итихад останува заинтересиран за услугите на фудбалерот, а за таа цел е подготвен да плати 200 милиони фунти. Така, со продажбата на Салах, Ливерпул може да постави нов светски рекорд. Моментално најскап е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Сезонава Мохамед Салах одигра 27 натпревари за англискиот тим на сите турнири, на кои постигна 18 гола и направи девет асистенции.