Нашите најдобри фудбалери славеа денеска против Ерменија со 2 спрема 1 на Арената во Скопје со што ги освоија првите бодови на стартот на второто издание на Лигата на нации.
Сите три гола беа постигнати од 11 метри. За нас погодија Алиоски во 4 и Несторовски во 38 минута додека голот за гостите беше дело на Барсегјан во судиското продолжение на крајот на мечот.
Избраниците на Ангеловски во второто коло на 8 септември ќе се појават на теренот на Грузија додека Ерменците ќе бидат домаќини на Естонија.