Францускиот напаѓач од екипата на Олимпик Марсеј, Валери Жермен изјави дека медицинскиот тим во клубот им дал препораки на играчите за да избегнуваат ракувања и прегратки за време на натпреварите.
„Лекарите во клубот ни рекоа дека не треба да се ракуваме, да се гушкаме и да комуницираме блиску. Ако денес постигнеме гол против Амиен, ќе мора да измислиме како да го прославиме од далечина“, изјави Жермен.
Овие мерки беа преземени во клубот од безбедносни причини во врска со ширењето на коронавирусот. Во моментов Олимпик Марсеј го зазема второто место на табелата во првенството на Франција.
Во 28-то коло од Лига 1, Олимпик Марсеј се среѓава со Амиен на својот стадион „Велодром“, а натпреварот се игра вечер со почеток во 21:00 часот.