Поранешниот менаџер на Челзи и Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, остварил деловна средба и вечерал со Раул Санлехи, директор на лондонскиот Арсенал , пренесува „Сандеј Тајмс“.
Според изворот, раководството на „топџиите“ е незадоволство од работата на досегашниот тренер на тимот Унаи Емери и има намера да се раздели со тренерот во блиска иднина. Се напоменува дека раководството на Арсенал сака да ангажира тренер со искуство во клубови од англиската Премиер лига.
Во информацијата се вели дека за време на вечерата, Мурињо го кажал своето мислење за моменталната состојба на тимот и неговите ставови за списокот на играчи, што оставило голем впечаток кај Санлехи. Претходно беше објавено дека Мурињо е заинтересиран да работи како тренер во лондонскиот Арсенал и е отворен за предлози од англискиот клуб.