Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја прокоментира промената на тренерското место во Барселона, откако Ернесто Валверде доби отказ.
„Навистина ми е жал за него. Тој е тренер кого максимално го почитувам и кој покажа дека е добар. Тренерите во клубовите како Барселона и Реал знаат на што се, и тоа никогаш нема да се промени. Доколку и јас загубам неколку натпревари веднаш доаѓаат критиките. Секогаш сакаш да дадеш 100% од себе и да се надеваш на најдоброто. Жал ми е за Валверде“, вели Зидан.