Златан Ибрахимовиќ ја започна сезоната во Серија А со два гола за победа на Милан против Болоња (2:0), а по мечот беше самокритичен кон себе и рече дека требаше да постигне повеќе голови. Напаѓачот, кој наскоро ќе наполни 39 години, ги пофали младите во тимот и ги истакна целите на неговата екипа.
„Јас сум во добра форма, иако ова беше само втор наш официјален натпревар во сезоната. Победивме, но сакав да постигнам повеќе голови. Да бев 20 години, ќе постигнев уште најмалку два”, изјави Ибрахимовиќ.
„Јас не сум стар. Јас сум роден возрасен и умирам млад. Шега на страна, игравме навистина добро, но сè уште не сме 100% подготвени и направивме некои грешки. Нашата цел е да постигнеме повеќе од минатата сезона. Младите момчиња се добри, работат многу напорно, слушаат и се дисциплинирани. Во последните 6 месеци, тие научија што треба да направат за да бидат во тек”, продолжи Швеѓанецот и додаде:
„Оваа година ќе го прифатиме секој натпревар како финале и ќе бидеме исклучително фокусирани. Сакам да бидам одговорен. Најголемиот притисок е врз мене. Не сакам луѓето да зборуваат за мојата возраст, сакам да бидам третиран како и сите други. Не е важно што имам 39 години, би сакал да ме доживуваат како да имам 20 години и морам да ја работам истата работа“, заврши Ибрахимовиќ.