Словенецот Анже Ратајец е новиот организатор на играта на Еурофарм Работник. Средниот бек, кој кариерата ја градел во Тримо Требње, Горење и австриски Ферлах, од следната сезона се сели во Битола.
28-годишниот бек сам го најави своето доаѓање во редовите на „фармацевтите“.
„Трансферот во Еурофарм Работник се реализираше по препорака на пријател. Разговарав и со стартегот Стевче Алушевски и тој ми го претстави проектот. Сфатив дека сериозно би се сметало на мене во клубот, а можноста да играм во Лигата на шампионите е добра шанса за мене, која одлучив да ја искористам“, изјави Ратајец за порталот СД Шпорт.