Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Спортинг (Л) нов предизвик за Еурофарм Пелистер во ЛШ
    Ракомет

    Спортинг (Л) нов предизвик за Еурофарм Пелистер во ЛШ

    sasoBy saso09/10/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45 ч.) во Битола ќе го пречекаат Спортинг (Л) во меч од четвртото коло од новата сезона од Лигата на шампионите. По трите стартни порази од ПСЖ, Фухсе Берлин и Динамо (Б), битолските „зелено-бели“ пред своја публика го пречекуваат португалскиот шампион Спортинг од Лисабон, со надеж дека можат да дојдат до првата радост.

    Сепак, не смее да се заборави фактот дека Португалците имаа импресивен старт во групата и во првите три кола имаат исто толку победи. Спортинг е лидер во групата „А“, а особено импресионираше со победата над Веспрем во последното коло.

    „Се надевам на наше одлично издание. Спортинг е добро компонирана екипа, бековската линија со браќата Кошта и Натан е нивни адут. Играат брзо, модерно и тешко е да се направи фаул врз нив. Нивната одлика е ефикасниот напад, кој постигнува преку 40 голови по натпревар. Последната победа против Бенфика од петнаесет голови разлика не беше случајна, делуваат моќно во транзиција“, изјави пред мечот тренерот на Пелистер, Бранко Ангеловски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.