Ракометарите на Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ попладнево ги почнаа подготовките за новата сезона. Новиот Металург ќе се обиде да им се врати на старите успеси иако има скоро комплетно променет состав од лани.
„Металурзите“ неколку дена ќе тренираат во Скопје, а в вторник заминуваат за Копаоник каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки. Потоа се враќаат во Скопје, а од 15 до 19 август ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи во Русија, додека на крајот на месецот (22-25 август) ќе учествуваат на „Кањижа купот“.