Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Илина и Ева ќе ја носат Македонија на Балканско во Црна Гора
    Домашен микс

    Илина и Ева ќе ја носат Македонија на Балканско во Црна Гора

    sasoBy saso18/09/2024No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските сонца Илина и Ева Сколовски, најдобрите наши гимнастичарки, заедно со ФГСМ,  по вторпат ќе ја носат Македонија на Балканското првенство, што ќе се одржи од 26-29  овој месец во Будва, Црна Гора.

    Токму затоа овие две сестри летото место да одмараат интензивно тренираа. Бидејќи со родителите живеат во Германија, летниот распуст во татковината го искористија за тренинзи на домашен терен.

    -Ние две сме подготвени. Јас ќе настапам во сениорска конкуренција, додека Ева ќе се натпреварува во јуниорска до 16 гидини. Подготовките ги правевме во Македонија, од каде и потекнуваме. Трениравме во салата „Гоце Делчев“ во населбата Илинден,  па затоа сакаме да се заблогодариме на вработените и Општина Илинден, секогаш беа подготвени да ни овозможат на тие високи температури, да тренираме во салата. Кога се заблагодаруваме не сакаме да ја заборавам и Црногорската федерација, која мене ми дозволи да тренирам со црногорските репрезентативки, затоа само ќе кажам дека се луѓе со големо срце срце, како планина, вели Илина па додава:

    -На покана од Гимнастичкиот клуб „Авангард“ од Прилеп одржавме еден тренинг со гимнастичарките. Навистина имаме прекрасни дечиња кои на +40 тренират со задоволство. Нормално, патот до успехот е тежок, потрено е многу да се работи, да се тренира, но за тие услови што ги имат децта се супер. Затоа ќе бидам искрена и отворена и јавно ќе кажам дека  Македонија ја носев на неколку натпревари низ Европа, особено  во Германија, во Бундеслига, каде се натпреварувам како Македонка и го отварам патот на помладите гимнастичари, вели Илина.

    Со оглед на големото искуство и со безбројните трофеи шти таа ги има освоено посочи дека крајно време е државата да и потпомогне на  гимнастиката.

    -Барем за основните работи,  барем еден најобичен тепих  за тренирање да се набави. Бидејќи имам големо искуство во овој спорт, би сакала лично  да зборува со министерот,  Борко Ристевски, на кој би му ги посочила потребите на македонските гимнастичарки, а со тоа би помогнале во развивањето на овој спорт во Македонија, додава таа.

    Илина(18) и Ева(14), овие две талентирни сестри, со години осовјуваат златко, сребро и бронза за Германија. Иако се со македонски пасош, благодарејќи на големиот талент, во држва како Германија,  каде не е важно од каде си и чиј си,  Илина иако немаше доволно години, ниже успеси во Бундес лига, ни и на многу интернационални натпревари. Не помалку успешна е и Ева, кој досега на натпреварите најмногу има освоено златни медали.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.