Братот на Џуд Белингам, Џоб кој настапува за екипата на Сандерленд, е многу блиску до трансфер во Борусија Дортмунд.
19-годишниот англиски играч од средниот ред одлучил да се пресели во клубот каде што играше неговиот постар брат Џуд пред да замине во Реал.
Според „Тајмс“, договорот е пред реализација, а Сандерленд треба да добие 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра).
Минатата сезона, Белингам одигра 43 натпревари во Чемпионшип, постигна 4 гола, направи 3 асистенции и му помогна на клубот да се врати во Премиер лигата преку плејофот.

