Младиот 21-годишен Васко Василев кој е еден од нашите најдобри млади голмани, репрезентативец на Македонија до 21. години во следните три сезони ќе биде на голот на Работнички. Денеска раководството на клубот се пофали со ова големо засилување.
Василев доаѓа од Гостивар, а претхoдно беше член на тимот на Рио Аве до 23, потоа Црвена Ѕвезда до 23 години, а потекнува од школата на Вардар.
Ова значи дека, Игор Алексовски ќе прави трансфер во Влазнија, се чека само на официјален потпис и промоција во тој албански клуб што ќе се случи по завршување на обврските на Алексовски во репрезентацијa на Македонија.

