Репрезентацијата на Португалија синоќа ја победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Домаќините поведоа со голот на Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63 -та а Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат во 68-та минута.
Португалија во финалето на Лигата на нации ќе се соочи со победникот од вечерашниот натпревар Шпанија – Франција кој ќе биде одигран во Штудгарт.

