Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гарсија: Македонија има одлични играчи, не е само Елмас
    Фудбал

    Гарсија: Македонија има одлични играчи, не е само Елмас

    dinoBy dino05/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Белгија денеска ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот меч со Македонија во квалификацискиот циклус за Светкото првенство.

    Селекторот Руди Гарсија на новинарски прашања зборуваше за она што го очекува од својата репрезентација на утрешниот меч.

    „Сите 26 фудбалери се во добра форма, иако дел од нив имаат различни ситуации во клубовите. Сите се подготвени, има проблеми во јуни поради крајот на сезоната. Сепак, најважно е што сите доаѓаат во Скопје со желба за да победат. Сите кои беа повредени, во моментов се во добра форма. Секогаш е предизвик да се игра на гости, ама ние сме подготвени. Јасно ни е дека имаме ривал против кој мора да дадеме максимум. Временските фактори треба да се земат в предвид. За утре е предвидено да биде нешто поладно вечерта, ама освен температурата тука е различна и влажноста на воздухот. Тоа ќе биде предизвик, но ние ги направивме сите подготовки при тренажниот процес. Токму затоа дојдовме порано, да ги почувствуваме условите на теренот и да имаме појасна слика. Многу добро го познавам Ељиф Елмас од Наполи. Кај противникот не е само Елмас, во овој тим има доста солидни играчи како Алиоски и други. Очекуваме навистина тежок натпревар, ќе се фокусираме на нашата игра. Македонија е селекција која игра добар пресинг и ги казнува грешките на противникот, па ќе биде доста интересно и интензивно. Македонија е доста добра репрезентација, а ние добро ја анализиравме. За нас ситуацијата е специфично што немаме одиграно натпревари, додека Македонија има четири бода. Ќе дадеме свој максимум во Скопје“, изјави Гарсија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.