Федерико Киеза сака да остане во шампионскиот состав на Ливерпул уште една година иако не ја доби посакувната минутажа во првата сезона.
Тој во интервју за „Кориере дело Спорт“ нагласи дека сите опции се отворени и дека наскоро ќе се сретне со претставници на раководството. Италијанецот е под договор до летото во 2028 година.
Напаѓачот одигра само шест натпревари во Премиер лигата а постигна по еден гол во ФА Купот и Карабао Купот.

