Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, вели дека е задоволен од изданието на неговите избраници на квалификацискиот натпревар со Белгија за место на Мундијалот во 2026 година.
„Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак овој резултат нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан в понеделник“ – истакна Милевски.
Во групата води Велс со 7 бодови (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан собра 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтештајн нема освоен бод во три меча.

