Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, одигра извонреден натпревар против Белгија и влегува меѓу најзаслужните за освоениот бод.
„Може да жалиме што не ја победивме Белгија. Во неколку наврати немавме среќа. Имавме две стативи во првото полувреме“ – рече нашиот репрезентативец.
„Одигравме на високо ниво и треба да сме задоволни. Одиме на победа против Казахстан. Се надевам дека ќе освоиме три бода“ – беа зборовите на Елмас.

