Шпанија и Португалија вечерва го играат финалето од овогодинешното издание во Лигата на нации. Старите добри познаници меѓусебно играле многу атрактивни и ефикасни натпревари, па затоа се надеваме дека така ќе биде и овој пат.
Тимот на Португалија предводен од Кристијано Роналдо беше првиот што го крена овој трофеј откако се формираше натпреварувањето, а тоа потоа ѝ појде од рака и на Шпанија, што значи дека победникот вечерва ќе стане прв со две титули во Лигата на нации
Португалците стигнаа до мечот за трофејот преку домаќинот на завршниот турнир Германија, додека Шпанија ја елиминираше Франција во полуфиналниот меч со дури девет погодоци (5:4).
Шпанија и селекторот Луис Де Ла Фуенте можат да го освојат третиот трофеј во само три години (Лига на нации во 2023 година, Европско првенство во 2024 година и повторно Лига на нации во 2025 година).
Селекторите на двете селекции најавија дека нема д атактизираат и на терен ќе ги пратат најдобрите во моментов. Едноставно двете селекции и фудбалерите кои играат за нив доста добро се познаваат, затоа не се очекува да има некои големи изненадувања на тактички план. Сепак и во двете репрезентации има индивидуалци кои можат д аго решат натпреварот со еден потег.
Финалето од Лигата на нации започнува во 21:00 часот, а се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен.

