Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Димитриевски: Мораме да бидеме фокусирани, полни со енергија и да ги освоиме трите бода
    Фудбал

    Димитриевски: Мораме да бидеме фокусирани, полни со енергија и да ги освоиме трите бода

    risteBy riste08/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На официјалната прес-конференција пред мечот си Казахстан зборуваше голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата на Валенсија кажа дека очекува поинаков меч од оној со Белгија, но мора да се биде крајно претпазлив и внимателен, без потценување на противникот.

    „Имавме долг пат, но подготвени сме. Имаме позитивна енергија од доаѓањето во Астана. Ние сме спремни да одиграме одличен меч како и со Белгија, фокусирани сме за она што ни следи тука. За мене секој меч е поинаков, нема да кажам дека доаѓаме да победиме во Казахстан со сигурност.

    Знаеме дека нема да биде лесно, мечот ќе биде доста поцврст и потежок за нас. Со Белгија имавме претежок меч, заслуживме повеќе од тоа што добивме, но ова ни е друг меч, друг почеток, малку време имавме за одмор ако се земе предвид патувањето, но таков е распоредот. Мора да се фокусираме, да се наполниме со добра енергија која ќе ни помогне да одиме до крај, па да ги зграпчиме трите бода.

    Статистиката секогаш е одлична, 717 минути без примен гол се мои, сега посакувам тимот да биде една година непоразен. Фан сум на статистиките, ако имаме добра стаитистика, значи дека добро работиме, напредуваме, што можеме подолго да останеме без пораз, тоа уште подобро.“, изјави Димитриевски.

    Последниот пораз Македонија го доживеа на 10 јуни во пријателски меч со Чешка, а ако остане непоразена во Казахстан, ќе комплетира импресивен рекорд – една година без пораз. Македонија во циклусот за СП 2026 досега има одиграно три меча. Има две ремија со Белгија и Велс, како и една победа со Лихтенштајн.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.