Саудискиот Ал-Хилал ги исполни сите барања на Наполи за трансферот на напаѓачот Виктор Осимен. Официјална потврда за договорот се очекува во наредните денови.
Управата на Ал-Хилал потврди дека ќе ја плати клаузулата за ослободување од 75 милиони евра за нигерискиот напаѓач. Сепак, износот е само за клубови од странство и не важи за клубовите од Серија А.
Првичната понуда на Ал-Хилал беше одбиена, но по разговорите со новиот тренер на Саудијците, Симоне Инзаги, раководството на клубот направи сè што е можно за да ги задоволи барањата на Италијанците и да го обезбеди напаѓачот за новата сезона.
Минатата сезона, Осимен играше на позајмица за Галатасарај, каде што постигна 37 гола на 41 натпревар за истанбулскиот гигант.

