Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо, поради повреда во 88. минута предвреме го напушти вчерашното финале против Шпанија во најсилниот сегмент од Лигата на нациите.
Тој со постигнатиот гол во 61. минута запиша нов рекорд во дресот на Португалија. Роналдо сега дојде до бројката од 138 голови за „европските бразилци“.
Tие се израдуваа на пехарот по изведувањето на пенали. Мечот во регуларниот дел и продолженијата заврши нерешено 2:2.

