Луѓето од Челзи испратија нова понуда за голманот на Милан, Мајк Мењан, откако првата во висина од 15 милиони беше одбиена од италијанскиот состав.
Медиумите наведуваат дека „сините“ ја подигнале сумата на 21 милион евра за потписот на Французинот кој сака да си замине од Италија иако има договор до јуни во 2026 година.
Англискиот тим се надева дека ќе успее да го ангажира црномурестиот фудбалер пред да замине на Светското клупско првенство кое започнува на 14 јуни.

