Англискиот вицешампион Арсенал постигна принципиелен договор за трансферот на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Според познатиот новинар Фабрицио Романо, шпанскиот играч од средниот ред веќе дал усна согласност за потпишување на долгорочен договор со лондонскиот клуб.
Се очекува во наредните денови да бидат преземени официјални чекори за активирање на неговата откупна клаузула од 60 милиони евра. Доколку договорот биде финализиран, Зубименди ќе стане првото ново засилување на Арсенал за претстојната сезона.
Реал Мадрид исто така беше заинтересиран за 26-годишниот дефанзивен играч од средниот ред, но се чини дека „топџиите“ беа поупорни во обидите да го привлечат.
Минатата сезона, Зубименди одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, во кои постигна два гола и имаше исто толку асистенции.

