Наполи е блиску до финализирање на трансферот на Кевин Де Бруин, пишува Фабрицио Романо. Двете страни го одобрија договорот, а 33-годишникот сега треба само да го потпише договорт.
Де Бруин ќе се обврзе кон италијанскиот шампион две сезони со можност за продолжување за уште една.
Белгиецот ќе му се придружи на тимот од Неапол како слободен играч откако ќе му истече договорот со Манчестер Сити на крајот од месецот.
Се очекува Де Бруин да ги помине медицинските прегледи во наредните денови и да го финализира својот трансфер во тимот предводен од Антонио Конте.

