Екипата на Интер потврди дека аргентинскиот фудбалер, Хоакин Кореја, го напушта тимот откако му истече договорот со „нероаѕурите“.
Тој ќе замине во бразилскиот состав Ботафого и ќе настапи на Светското клупско првенство.
Кореја во дресот на Интер настапуваше две сезони. Тој се појави на 64 мечеви и постигна 10 голови.

