Македонската двојка Ивановски- Мицов донесе победа на нашата Девис Куп репрезентација во мечот против Молдавците во Третата група на Дејвис купот која се одржува во Скопје.
Калин Ивановски и Стефан Мицов во три сета го решија молдавскиот предизвик, победувајќи го дуото Андреи Чиумак и Илија Снитари (2-1). Мечот траеше 2 часа и 16 минути, нашите тенисери го добија првиот сет со 6:4, а во вториот загубија во тај-брејк со 9-7 и со тоа молдавците израмнија на 1:1.
Третиот решавачки сет го доби нашата двојка со 6:3 за победа на овој дуел, ни за триумф на Македонија против Молдавија со вкупер нрезултат 2:1.
Со втората победа во групата Македонија е на добар пат да се пласира меѓу трите најдобри и со тоа да се избори за пласман во Втората зона на светската група од Дејвис купот. Досега нашата репрезентација ги победи Малта и Молдавија, а загуби од Црна Гора. До крајот на групата следуваат дуели со Ерменија и Летонија.

