Ливерпул гарантирано ќе плати до 135 милиони евра за потписот на Флоријан Вирц. Англискиот клуб конечно се договори за деталите од трансферот на играчот од средниот ред на Баер.
Според Скај Спортс, „црвените“ ќе му платат на германскиот клуб фиксна сума од околу 130-135 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот би можел да се искачи на 150 милиони евра. Еден од бонусите е освојување на Лигата на шампионите.
Лекарскиот преглед на играчот од средниот ред е закажан за следната недела.

