Италијанската фудбалска федерација со официјално соопштение најави дека Џенаро Гатузо ќе биде претставен како нов селектор на „аѕурите“ на прес-конференција која ќе се одржи на 19-ти јуни (четврток), а претседателот Габриеле Гравина не го криеше воодушевувањето што популарниот Рино се враќа во националниот тим.
Гатузо како играч беше важен дел од репрезентацијата и со својата игра сериозно влијаеше Италија да стане светски шампион во 2006-та година.
– Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал, националниот дрес му е како втора кожа. Неговата мотивација, професионализам и искуство ќе бидат круцијални во справувањето со следните предизвици на националниот тим“, вели Гравина.

