Легендарниот фудбалер, Карлес Пујол, проценува дека Аргентина предводена од Лео Меси ќе ја одбрани титулата на Светското првенство во 2026 година.
„Тоа е последното Светско првенство за Кристијано Роналдо и Лео Меси. Имав среќа што ја делев соблекувалната со најдобриот фудбалер во светот и во историјата, Лео. Се надевам дека ќе се пронајде добро на Светското првенство“ – рече поранешниот капитен на Барселона
„Кристијано е исто така пример за помладата генерација. Ќе биде тешко да се најдат двајца играчи кои ќе бидат на врвот толку многу години“, рече поранешниот дефанзивец на Шпанија.

