Тренерот на Бенфика, Бруно Лаге, зборуваше пред дебитантскиот натпревар на „Орлите“ на Светското клупско првенство во САД против Бока Јуниорс.
„Ова е натпреварување со голем престиж . Задоволство е да се биде тука и нашата намера е да одиграме силен натпревар и да победиме“, рече Лаге.
„Мораме да влеземе со огромни амбиции. Мора да бидеме конкурентни“, заклучи тренерот на португалскиот состав.

