Винисиус Жуниор зборуваше за желбата на Реал Мадрид да го освои Светското клупско првенство. Неговиот тим во групната фаза ќе игра против Ал-Хилал (18 јуни), Пачука (22 јуни) и Ред Бул Салцбург (27 јуни).
„Сакаме да го освоиме првото Светско клупско првенство бидејќи луѓето никогаш не го забораваат првиот турнир. Тоа е единствениот трофеј што Реал Мадрид го нема, па затоа сакаме да го освоиме“ – рече Бразилецот.
„Многу е жешко тука. Нашиот прв натпревар е во три часот попладне. Мораме добро да се подготвиме“, рече 24-годишниот крилен напаѓач на „кралевите“.

