Изминантите неколку денови кајакарите од неколку наши клубови учествуваа на еден од Европските јуниорски купови во кајак слалом кој се одржа ва Валстања (Италија).
Младите кајакари од клубовите Вардар (Велес), Бабуна (Велес) и Илинден 90 (Скопје) беа дел од ова натпреварување кое се одржа изминатиот викенд, а на кое учествуваа околу 350 кајакари од 20 земји од Европа.

Кристијан Смилев од Бабуна (Велес) беше најдобар во категоријата до 16 години и го освои првото место, додека првото место во својата категорија до 23 години го освои и нашиот најдобар кајакар Ангел Петрушев од Вардар (Велес).

Добар настап и пласман во финалето имаа и Марко Варналиев (Бабуна) и Андреј Арсовски (Илинден 90) во категорија до 18 години.
Додека во категоријата до 14 години исто така за место во финалето се изборија Ѓорѓи Смилев (Бабуна) и Давид Ефтимов (Илинден 90) , а настапија и Јаков Манојлов Стојановски, Стефан Христов.

Овој резултат на нашиот млад кајакар Кристија Смилев и освоеното прво место е добра увертира за она што го очекува кон крајот на јули кога во Скопје ќе се одржи Евопскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) каде Смилев треба да настапи во својата категорија на патеката Матка покрај Скопје.



