Победникот на Купот на Република Ирска, Дрогеда, ја загуби жалбата пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) и нема да игра во Конференциската лига следната сезона, објавија медиумите од Ирска.
Причината за одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е судир на интереси. Сопственик на Дрогеда и данскиот Силкеборг е американската инвестициска компанија Тривела Груп, а УЕФА забранува учество на клубови под заедничка контрола во исто натпреварување.
„CAS“ денес пресуди против Дрогеда и затоа тимот од Република Ирска нема да игра во европските клупски натпреварувања. УЕФА сè уште не објавила дали местото на овој клуб ќе го заземе друг, а ждрепките за првите кола се одржуваат утре.
Други слични случаи вклучуваат Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Брајтон и Астон Вила, но тие клубови ги заобиколија правилата. УЕФА во моментов разгледува дали Кристал Палас и Олимпик Лион можат да играат во Лигата на Европа. Американскиот сопственик на францускиот клуб, Џон Текстер, исто така поседува 43% од акциите на Кристач Палас и има ограничено влијание во клубот.

