Фудбалскиот состав, Јувентус, ќе се насочи кон Џонатан Дејвид од Лил откако напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, одбил да направи трансфер во Италија, објави – „Кориере дело Спорт“.
Генералниот менаџер на „старата дама“, Дамиен Комоли, бил информиран дека Швеѓанецот чека понуда од Арсенал и не е заинтересиран да се пресели во Торино.
Најновите извештаи покажуваат дека Јувентус бил подготвен да плати 60 милиони евра плус околу 10 како бонуси за да го привлече играчот на португалскиот состав.

