Српскиот фудбалски напаѓач, Душан Влаховиќ, сака да направи трансфер во Милан, објавија дел од медиумите на Апенините.
Тој е на излезната врата од Јувентус откако челниците на „старата дама“, најавија дека сакаат да го продадат една година пред да му истече договорот за да се ослободат од неговата висока плата.
25-годишниот фудбалер во текот на зимата имаше неколку атрактивни финансиски понуди од Саудиска Арабија но, очигледно нема намера да замине на друг континент.

