Првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, денеска на средба со новинарите го промовираше Иван Чупиќ како нов тренер на „црвено-црните“.
„Оптимист сум за наредната сезона, целта ќе биде да се врати пехарот во првенството и Купот а во Европската лига која е се посилна сакаме да се пласираме барем меѓу осумте најдобри. Сите Чупиќ го паметите како легенда на Вардар, човек кој во 2017 година ја обезбеди титулата во Лигата на шампионите“ – рече Михајловски.
„Мене и мојот тим не поттикна да го одбереме Чупиќ поради тоа што уште кога играше во Вардар покажуваше тренерски амбиции. Тој при заминувањето ми побара во иднина да добие шанса и да го води Вардар, со еден разговор со Иван се договоривме веднаш“ – изјави Михајловски.

