Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, верува дека европските тимови се во неповолна положба на Светското клупско првенство поради високите температури во Соединетите Американски Држави.
„Клубовите од подалеку на југ имаат голема предност поради жештината“, изјави Нико Ковач пред новинарите пред вториот натпревар од групата против јужноафриканскиот тим Мамелоди.
„ Мечот во Синсинати ќе се игра на пладневна жештина. Можете да замислите што значи тоа за играчите. На теренот е за два или три степени потопло“ – рече тој. Временската прогноза предвидува температури од 34 степени.

