Француската ѕвезда од екипата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, би можел да се врати во игра за третиот натпревар на „кралевите“ на Светското клупско првенство против Салцбург во четврток, наговести шпанскиот тренер Чаби Алонсо по победата од 3-1 над Пачука во недела.
Мбапе ги пропушти првите два натпревари на својот тим поради проблеми со стомакот. Французинот дури беше накратко хоспитализиран, но подоцна беше отпуштен.
„Очекуваме да се врати. Мораме да ја следиме ситуацијата ден по ден“, рече Алонсо.

