Челниците на фудбалскиот состав Милан размислува за трансфер на украинскиот дефанзивец, Олександр Зинченко, кој се наоѓа на платниот список на Арсенал.
Тој треба да биде замена за францускиот репрезентативец, Тео Ернандез, кој според најавите треба да замине во екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Италијанците за 28-годишниот Зинченко ќе треба да платат околу 20 милиони евра.

