Италијанскиот фудбалски состав Интер, потврди дека го продаде младиот голман, Филип Станковиќ откако луѓето од Венеција ја активираа откупната клаузула.
23-годишниот Србин потпиша договор до летото во 2029-та. Според италијанските медиуми, трансферната сума е 2 милиони евра.
Филип е син на поранешниот српски репрезентативец и играч на Интер, Дејан Станковиќ. Во сезоната 2024/25, голманот одигра 16 натпревари за Венеција.

