Екипата на Лидс која во наредната сезона ќе биде дел од Премиер-лигата, го засили ростерот со словенечкиот фудбалски репрезентативец, Јака Бијол.
Дефанзивецот кој доаѓа од Удинезе потпиша договор до 2030 година. Трансферот изнесува вкупно 22 милиони евра со вклучени бонуси.
26-годишниот фудбалер во изминатата сезона одигра 37 натпревари и постигна 2 гола.

