Лиам Делап вели дека не се плаши да го носи дресот со број 9 во Челзи иако според локалното суеверие, тој носи несреќа во редовите на „сините“. 22-годишниот напаѓач го постигна првиот гол за Лондончани на Светското клупско првенство во САД.
„Играчот треба да верува во себе. На крајот на краиштата, тоа е само бројка. Не ми значи многу“ – рече Делап.
„Не верувам во такви работи. Се надевам дека ќе можам да продолжам да покажувам добри резултати“ – изјави играчот на „сините“.

