Калјари ги комплетираше трансферите на напаѓачот на Аталанта, Роберто Пиколи и играчот од средниот ред, Мишел Адопо.
Двајцата во претходната сезона играа како позајмени од екипата од Бергамо и ги оправдаа очекувањата на челниците на тимот.
Трансферната цена за 24-годишниот италијански напаѓач била 12 милиони евра. За 24-годишниот Адопо од Брегот на Слоновата Коска, тимот од Сицилија ќе плати 3,8 милиони.

