Алваро Мората се согласи на преселба во Комо. Клубот официјално му испратил понуда на 32-годишниот напаѓач за потпишување договор, а фудбалерот, кој игра за Галатасарај како позајмен од Милан, се согласил на трансферот.
Тој планира да го напушти турскиот клуб и повторно да се врати во Италија. Се очекува наскоро да започнат преговори меѓу Милан и Галатасарај за раскинување на позајмицата.
Комо веднаш штом се создадат услови ќе започне разговори со „росонерите“ за висината на трансферот.

