Играчот на Милан, Малик Тиа, е блиску до преселба во Комо, пишува денеска италијанскиот новинар, Фабрицио Романо.
Двата клуба се согласија за трансфер на 23-годишниот дефанзивец. Договорот е вреден околу 25 милиони евра но, дали ќе се реализира зависи од одлуката на играчот.
Германскиот репрезентативец се активираше во Милан во 2022 година кога го напушти составот на Шалке.
.

